416
Шестнаесет годишен малолетник синоќа бил повреден со нож во грбот, за време на кражба на кејот на Вардар, во близина на хотелот Александар Палас.
„Пет непознати лица, заканувајќи му се со нож, му одзеле 400 денари, а потоа физички го нападнале по што со ножот му нанеле расекотина во пределот на грбот“, стои во билтенот на МВР.
Повредениот бил однесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ на лекување.