Претседателот на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко ја оспори иницијативата покрената од 15 клуба за организирање на вонредно изборно Собрание го обвини директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски за мешање во работата на ПФМ.
-АМС доставила допис до Иницијативниот одбор, до Владата на РМ, до пливачи клубови, а никаде не стои до ПФМ. Јас одговорно тврдам дека ние како Пливачка федерација немаме добиено никакво писмо со печати и потписи од клубови, за било какво барање на Собрание. Доколку има барање од две третини од членките на ПФМ, ние сме должни да закажема Собрание. На 19 октомври се одржа легитимно Собрание на ПФМ за избор на нов претседател, на тоа собрание и АМС имаше свој претставник – инспектор за спорт кој ја потврди легитимноста. За ова што го говорам постојат аудио снимки, како самиот инспектор потврдува дека се е законски, изјави Маленко.
Тој додаде дека пред само некој месец, заедно со директорот на АМС ги испраќале пливачите на Европското првенство, а сега тој вели дека тие се нелегитимни.