Малчески за „Фокус“: Груевски повторно лаже за да се спаси од одговорност

by fokus 12:01
12:01

Самоил Малчески во изјава за „Фокус“ го коментира вчерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговата изјава да го уапсат него, само да ги остават на мира граѓаните кои влегоа во Собранието на 27 април.

-Видете, веќе подолго време сме навикнати на лицемерието на Груевски. Ако вистина го мисли тоа што го зборува, немаше уште истата вечер луѓето кои му веруваа и кои во континуитет ги поттикнуваше на протести да ги прогласи за насилници! Според мене ова е уште една негова лага, се со цел да се спаси од одговорноста за глупостите и незаконитостите кои ги има правено!, вели Малчески.

- Advertising -

Според него, и изјавата на Груевски дека сега ќе го враќал ВМРО-ДПМНЕ кон традиционалните вредности е контрадикторна.

-Што се однесува до традиционалните вредности, тоа повторно е една голема лага на Груевски. Не може човекот кој присобираше отпадоци од разно разни партии и кој со самото тоа ја разнебити ВМРО ДПМНЕ и ја уништи нејзината идеологија да зборува за враќање кон традиционалните вредности на партијата. Најмалку што може да направи Груевски во овој момент и да го ослободи ВМРО ДПМНЕ од неговото присуство и присуството на неговите пајташи. Време е за како партиска, така и општествено поширока одговорност и оставки на врхушката, заклучува Малчески.

Поврзани новости