МВР: Прислушување се врши само легално со наредба од ОЈО

by fokus

Во Министерството за внатрешни работи  следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти, велат од МВР за НОВА ТВ по вчерашното обвинување на лидерот на опозицијата, Никола Груевски кој што обвини дека се прислушувани стотина членови на раководните органи на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што го прави МВР е легално и со наредба од суд преку Јавното обвинителство, а токму обвинителството е тоа што ги води истрагите. Нелегалното масовно прислушување, главната одлика на владеењето на Никола Груевски е предмет на истрага на СЈО. УБК и БЈБ постапуваат согласно своите надлежности и нивните активности во форма на оперативни акции и обработки во борбата против организираниот криминал, тероризмот, насилниот екстремизам и другите облици на противзаконско однесување се од доверлива природа и не се коментираат јавно. Работата на овие служби е насочена кон штитење на интересите и безбедноста на граѓаните и не се под контрола на ниту една политичка партија“, одговорија од МВР.

Додаваат и дека со промените во МВР и УБК една од основните цели била да се елиминираат идеолошките компоненти и од таа причина не станува збор за македонски екстремизам и тероризам. Од министерството велат дека УБК во своето работење е фокусирано на лев и десен екстремизам и радикализам, а тероризмот е посебен глобален феномен за кој и не треба посебно објаснување.

Поврзани новости