АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини

by fokus

На граничните премини попладнево нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Нема чекања ниту кај Деве Баир на македонско-грчката граница каде претпладнево поради зголемена фреквенција на возила, се чекаше до 60 минути, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. На патните правци надвор од градските средини интензитетот на сообраќај е умерен.

Поврзани новости