Макстил го известило Министерството за животна средина дека привремено ќе престане да работи поради дефект на електролачна печка за производство на фероникел.
Истовремено, државниот инспекторат за животна средина побарало вонредно мерење на фугитивната прашина во амбиенталниот воздух од страна на акредитирана лабораторија.
Доколку се утврди дека фабриката е причинител за испуштање на емисии над дозволената вредност, одговорното и правното лице ќе бидат казнети максимум со 13,000, односно со 100.000 евра.
Затворањето на погоните доаѓа откако скопјани во дел од медиумите се пожалија дека дека се испушта чад со неподнослив мирис.
Инаку, челичарницата има рок до 30 октомври да стави филтри за заштита од опасните честички, по пролонгирањето на првичниот рок до 30 април.