Обвинителството нема да отвори кривична постапка за „Македонска банка“

by Фокус

Јавното обвинителство соопшти дека нема да покрене кривична постапка против премиерот Никола Груевски за случајот „Македонска банка“, бидејќи нема основани сомненија дека ги сторил кривичните дела содржани во кривичната пријава на СДСМ-противзаконско посредување, примање поткуп и даночно затајување. Освен тоа, од таму нагласуваат дека настапена е и застареност на кривичното гонење, затоа што минале повеќе од 10 години без ниту едно процесно дејство.

Во врска со дискот што социјалдемократите го доставиле како доказен материјал, од обвинителството посочуваат дека евидентно е оти се работи за разговор меѓу две лица, но додаваат дека не постои наредна од надлежен орган за снимање на ваков разговор. Според нив, судска одлука не може да се заснова на материјал прибавен на незаконски и неуставен начин.

Околу вештачењето на гласот изготвено во Србија, ЈО, исто така, вели дека е направено без наредба на овластен орган, па не може да се впушта во негова анализа.

Целото соопштение може да го прочитате на следниот линк.

Поврзани новости