Француската премиерка Елизабет Бурн започна специјална процедура за усвојување на непопуларниот предлог-закон за пензиските реформи во Националното собрание без гласање, среде извици и скандирања од пратеници од левицата кои вееја транспаренти против пензиските реформи.
Користејќи го таканаречениот член 49.3 од Уставот, усвојувањето на нацрт-законот за зголемување на старосната граница за пензионирање за две години на 64 е обезбедено, но тоа покажува дека претседателот Емануел Макрон и неговата влада не успеале да обезбедат доволно мнозинство во парламентот, објави Ројтерс.
Премиерката беше пречекана со свирежи кога пристигна во парламентот за да најави отпочнување на специјалната постапка.
Седницата беше прекината две минути кога левичарските пратеници кои ја интонираа државната химна го спречија Бурн да зборува.
BREAKING: France's government moves to raise the retirement age without a vote in parliament. The risky move by President Macron is expected to trigger a no-confidence vote. https://t.co/cA1afq5AYA
— The Associated Press (@AP) March 16, 2023
Некои пратеници вееја транспаренти на кои пишуваше „Не за 64 години“.
Кога продолжи седницата, Бурн продолжи да зборува, но нејзиниот говор беше прекинат со свирежи, пеење од пратеници од опозицијата и извици „оставка“.
Опозициските партии најверојатно ќе бараат гласање за доверба на владата, но тешко дека владата ќе падне бидејќи мнозинството конзервативни пратеници најверојатно ќе ја поддржат, наведува агенцијата.
Breaking: Macron's government invoked a special constitutional power to raise France's retirement age without a parliament vote. The bill has sparked massive protests. https://t.co/2qcyyQZ8sV
— The Wall Street Journal (@WSJ) March 16, 2023
Макрон и неговата влада инсистираат на тоа дека зголемувањето на старосната граница за пензионирање е неопходно за одржување на пензискиот систем, но неговиот неуспех да ја усвои пензиската реформа во парламентот е удар за неговите напори да спроведе нови реформи.
Францускиот претседател денеска ја искористи „нуклеарната опција“ која и овозможува на владата да ги спроведува законите без гласање.