Петковски: Кога се најавува премиер Албанец, се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи!

by Fokus

Владејачката ДУИ започна кампања под слоганот „Да! Тој доаѓа“.

Многумина ова го протолкуваа како најава за избор на прв премиер Албанец во Македонија.

Својот став на Фејсбук го искажа долгогодишниот лидер на НСДП, екс претседател на Собранието, Тито Петковски.

„Читам :„Да!Тој доаѓа”е новиот слоган на ДУИ со кој се најавува првиот премиер Албанец.
Се надевам дека мислат на Фатмир Битиќи,Заменик на Премиерот за економски прашања.
По компетентен,по стручен,по способен и по одговорен член на Владата,во овој момент не постои.
Освен тоа,Албанец е по етничка припадност.Токму онаков каков што бара ДУИ!” – напиша Петковски на ФБ.

Пред неколку дена, Бујар Османи најави дека набргу Албанец ќе биде премиер во земјава, а Груби дообјасни дека со договорот што бил постигнат меѓу Али Ахмети и поранешниот премиер Зоран Заев во последните 100 дена од мандатот на Владата, функцијата ќе ја извршува Албанец.

Поврзани новости