Макрон сепак нема да ја смени премиерката на Франција

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека Елизабет Борн ќе остане на премиерската позиција, изјави денеска извор од кабинетот на претседателот, пренесува Ројтерс.

„Со цел да се обезбеди стабилност и длабинска работа, претседателот одлучи да го задржи премиерот“, рече изворот.

Претседателот, исто така, ќе даде индикација за неговите планови за следните месеци „до крајот на неделата“, рече изворот.

Француската премиерка и лани во јуни поднесе оставка, откако коалицијата на Макрон го изгуби мнозинството во Парламентот, но таа не беше прифатена од претседателот.

Претходно се појавија гласини за можни промени во француската влада по неколкудневните немири откако полицаец застрела тинејџер кој одбил да застане за време на сообраќајна контрола.

Немирите беа еден од најголемите предизвици за претседателот Емануел Макрон за време на неговото владеење.

Пред тоа, Макрон се соочи со големо противење на неговиот план да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.

 

Поврзани новости