Авион падна на хангар во Варшава, загинаа најмалку пет луѓе

by Fokus

Мaл авион се урна денес во хангар на аеродром во близина на Варшава, при што загинаа пет лица, соопшти полскиот министер за здравство.

„Имаме најмалку седум повредени и пет мртви“,  напиша Адам Ниџелски на Твитер, велејќи дека на аеродромот во Крчин имало „воздушна несреќа“.

Како што изјави за полското радио Моника Новаковска-Бринда од седиштето на Државната противпожарна служба, авионот „Цесна“ при слетување при лоши временски услови паднал во хангарот, каде што се засолниле 10 лица.

„При слетување на лошото време, авионот Цесна удрил во хангарот каде се засолниле неколку минувачи. За жал, има загинати и повредени “, изјави Моника Новаковска-Бринда.

Новаковска-Бринда извести дека жртвите се лица кои се засолниле во хангарот од лошите временски услови.

„Познато е дека секој што знае дека се ближи невреме ќе побара засолниште на безбедно место. За жал, овој хангар не излезе дека е така“, рече таа.

Таа прецизираше дека во авионот имало тројца пилоти, еден загинал, еден е повреден, а еден е неповреден.

Поврзани новости