Макрон: Криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот

by fokus

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави дека криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот и оти на самитот во Трст е постигнат напредок во контролата на лесното вооружување.

„Франција предложи иницијатива што ќе биде спроведена и ќе овозможи подобра контрола на муницијата и лесното вооружување во регионот, бидејќи криминалот е еден од најголемите проблеми на Балканот“, нагласи Макрон по повод неодамнешниот самит во Трст.

Макрон изјави дека имало три теми на тој состанок на кои им било посветено внимание, и кои, како што истакна, добиле значаен напредок, меѓу кои и подобрата контрола врз лесното вооружување.

Поврзани новости