Владата ќе ја укинува титулата национален уметник што ја доделува претседателот Иванов

by Fokus

Титулата Национален уметник која што ја доделува претседателот Ѓорге Иванов ќе биде укината ако во Собранието помине предлог законот на Владата за престанување на важењето на Законот за националниот уметник на Република Македонија.

Се предлага Законот за националниот уметник да престане да важи. Имено, според Министерството за култура, Законот создавал нерамноправен третман помеѓу националните уметници и другите вработени во културата, кои имаат примања во многу помал износ од просечната плата во Република Македонија.

Титулата почна да се доделува од 2011 година согласно посебно донесениот закон. Секој носител на титулата доживотно секој месец добива 60.000 денари и има право да му се издаде монографија за неговото творештво од буџетот на државата.

Поврзани новости