Макрон ќе му понуди на Путин „патоказ за смирување“

by fokus

За време на разговорите што ќе се реализираат во следните неколку дена францускиот претседател Емануел Макрон ќе му предложи на својот руски колега, Владимир Путин, „патоказ за смирување на украинската криза“, соопшти вечерва Елисејската палата.

„Загрижени сме и многу внимаваме да не создадеме двосмисленост и дополнителна нестабилност“, соопшти француското претседателство поради тензиите меѓу Западот и Русија околу Украина.

Елисејската палата додаде дека претставници на министерствата на Франција, Германија, Русија и Украина во среда во Париз ќе одржат состанок за Украина.

Белата куќа, претходно денеска, соопшти дека американскиот претседател, Џо Бајден доцна вечерва ќе има видео средба со неколку лидери на Европската унија (ЕУ) за ситуацијата во Украина.

Поврзани новости