Макрон: Израелската офанзива врз Газа може да доведе до вистинска катастрофа

by irena 16:15
16:15

Францускиот претседател Емануел Макрон денес предупреди дека планираната израелска воена офанзива врз Газа ќе доведе до „вистинска катастрофа“ и за Израелците и за Палестинците и ризикува да го вовлече целиот регион во „трајна војна“.

Макрон рече дека разговарал со јорданскиот крал Абдула Втори и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, нагласувајќи дека тројцата лидери го делат верувањето дека само политички и хуманитарен пат може да го заврши конфликтот.

„Веруваме дека само следниот процес може да ја заврши оваа војна: воспоставување траен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, масовна испорака на хуманитарна помош за народот на Газа и разоружување на Хамас, со истовремено зајакнување на Палестинската власт во Газа“, рече Макрон.

Тој повика на распоредување меѓународна мисија за стабилизација за Газа и повика на работа на политичко решение кое ќе одговори на аспирациите и на Палестинците и на Израелците.

Макрон, исто така, повтори дека Франција, заедно со Саудиска Арабија, ќе копретседатели на конференција за решение за две држави во септември во Њујорк.

„Ова е единствениот кредибилен пат за семејствата на заложниците, за Израелците и за Палестинците“, подвлече тој, додавајќи: „Не на војната, да на мирот и безбедноста за сите“.

Слични вести