Со камионот возел рикверц, ја прегази 70-годишната мајка

by irena 16:37
16:37

С.Б. (46) од Соколац (БиХ) ја уби својата мајка Р.Б. (70) возејќи го камионот во рикверц, неофицијално дознава „Srpskainfo“.

Како што пренесуваат, трагичната несреќа се случи синоќа кога еден маж излегувал од дворот во рикверц со камион, а не ја забележал својата мајка која стоела до камионот.

Во полициската станица во Соколац било пријавено дека С.Б. движејќи се наназад во камионот „Застава“ ја прегазил Р.Б. која починала како последица на повредите.

Истрагата ја спроведе полицијата на ПС Соколац заедно со дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство во Источно Сараево.

– Обдукцијата на телото ќе се изврши утре во Институтот за судска медицина во Бања Лука – пишуваат медиумите.

Слични вести