Макрадули – „Спас за Валандово“: На Македонија и треба еколошки Прибе

by Fokus

Заменик-министерот за животна Јани Макрадули е првиот функционер кој ги прими активистите од „Иницијативата Спас за Валандово“ коишто се борат против изградбата на рудникот за  бакар во „Казандол“ којшто ги отвори прашањата за последиците врз здравјето на жителите од Валандово и околината и животната околина.

– Ја споделуваме загриженоста на граѓаните на Валандово и ним им реков дека процедурите во коишто е стекната концесијата на овој рудник мора да се проверат. На Македонија итно и треба еколошки Прибе. Потребен е сериозен притисок од граѓаните кон институциите и мора да има пресвртница во третманот на животната средина на Македонија. Освен тоа, нашето општество се определи за патот на евроинтеграциите, а токму животната средина ќе биде најголемиот камен на сопнување во процесот на преговори бидејќи имплементирањето на европските стандарди е прашање кое таму се сфаќа сериозно и тоа е воедно и најскапото поглавје – вели Макрадули.

Активистите од иницијативата велат дека очекуваат од институциите да покажат слух за овој проблем, а не да молчат.

Поврзани новости