396
Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец јуни ќе се намали за 13.82% за мегават час, во однос на цената за месец мај ова година.
-Воедно, сакаме да информираме дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на „Макпетрол“ се намалува за 7,5% односно, за 5,00 денари за килограм (3,54 ден/лит) во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 67,00 денари за килограм, односно новата цена ќе изнесува 62,00 денари за килограм или 43,89 денари за литар, известуваат од Макпетрол.