Лицата кои се појавија на денешната прес конференција претставуваат незначителен дел од акционерската структура на Макпетрол АД, а нивните тврдења претставуваат паушални и неточни обвинувања кои со ништо не се аргументирани, реагираат со соопштение од „Макпетрол“ на денешната пресконференција на шестнаесет помали акционери во компанијата.
Во соопштението на „Макпетрол“ се наведува дека сите акционери редовно и транспарентно се информирани за деловните резултати на Компанијата, финансиските и други показатели, и имаат увид во сите соодветни внатрешни ревизии, надворешни контроли и ревизорски извештаи.
-Не навлегувајќи во мотивите на оваа незначителна група акционери, сметаме дека единствено вистинско место за ваква дебата се органите на корпоративно управување на компанијата и дека ваквите јавни и тенденциозни напади не можат да се толкуваат како добронамерен потег, туку, напротив како обид да се нанесе штета на компанијата и на останатите акционери, стои во соопштението.