СДСМ предложи законски измени за поголема буџетска транспарентност

by Фокус

СДСМ достави предлог законски измени со кои граѓаните би имале  поголем увид во тоа како се трошат буџетските пари. Предлогот кој предвидува сите државни институции да објавуваат редовни извештаи колку пари трошат месечно, но и  колку должат, во четврток ќе се најде на седница на матичната комисија за финасирање и буџет.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој предлог и го оцени како апсурден и технички неизводлив. Според нив, сегашниот модел што се применува обезбедува транспарентност во трошењето на парите од буџетот.

Според најновото истражување, Македонија е во една од земјите кои не обезбедуваат буџетска транспарентност. Во истото друштво се и Ангола, Малезија, Мароко, Сао Томе и Принципе, Буркина Фасо, Доминиканска Република и Еквадор.

Поврзани новости