Макпетрол АД со помош за Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“: Донирани две паралелни сензорски врати со изолаторен дел помеѓу нив

by Fokus

Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, ја организира својата работа со цел правилно справување со корона вирусот. Сега клиниката може да врши тријажа на пациентите при самиот нивен влез и истите на безбеден начин да добијат соодветна грижа.

„Пред неколку дена, на наше огромно задоволство се промени изгледот на влезниот портал на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Благодарение на поставување на две паралелни сензорски врати со изолаторен дел помеѓу нив, ќе се врши адекватна подготовка за преглед и прием на пациенти, со мерење на температура и земање на епидемиолошка анкета. Оваа донација е спроведена со помош од компанијата Макпетрол АД. Од мое лично име и од името на целиот колектив им укажувам длабока почит и благодарност. Карактеристика за ситуацијата во државата е тоа што се поголем број на компании и поединци учествуваат во активно помагање на здравствениот систем во земјата, што е од големо значење за справување со кризата предизвикана од пандемијата на вирусот COVID-19“. – изјави Љубен Асенков, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Во време на оваа вонредна ситуација во која се наоѓа нашата држава и Светот, поради пандемијата од коронавирусот сфативме дека заедништвото и грижата за другиот е она кое може да ни помогне полесно да ги поминеме овие денови полни со предизвици.

Оваа состојба ја сфатија и нашите домашни компании кои со големи заложби го помагаат системот на државата со цел полесно надминување на проблемите и предизвиците во борба против COVID-19.

Компанијата  Макпетрол АД, изминатиот период реализираше низа на активности со цел потпомагање на здравствениот сектор во нашата држава и полесно справување со пандемијата од новиот коронавирусот, COVID-19, донирајќи соодветна медицинска опрема во износ од 3.200.000,00 денари како и ставање на располагање на хотелот Макпетрол во Маврово, кој служи како државен карантин за граѓаните кои се вратија од странство во својата татковина.

Како општествено одговорна компанија не застанаа во анализата на потребите во овој сектор, па за таа цел ја реализираа и оваа соработка со Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, со што ќе се зголеми заштитата од пренесување на вирусот на пациентите и вработените.

 

Поврзани новости