Филипче: Кога и да се одржат изборите, ќе бидат по строг протокол

by Fokus

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, вели дека Комисијата за заразни болести ќе одлучи дали и кога треба да се одржат избори, но секако тие ќе бидат спроведени по строг протокол.

„Во изминатите два и повеќе месеци ниту една одлука не беше донесена под каков било политички притисок или за политички интерес. Тоа така и ќе биде, Комисијата ќе препорача дали и кога ќе има услови за безбедно одржување на изборите. Кога и да се одржат изборите ќе мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните. Протоколот ќе биде изработен од страна на Комисијата за заразни болести зашто нема да дозволиме било што да го загрози успешното менаџирање на оваа здравствена криза“, рече Филипче.

Поврзани новости