Вечерва во Штип започнува 37-то издание на реномираниот фестивал на забавна музика ,,Макфест 2022”. Со многу новитети, песни во енергичен ритам, наместо препознатливите балади, црвен тепих и ветувања за хитови кои ќе ги донесе манифестацијата, уште една измена во фестот е и тоа што ќе има дури пет водители.
Маријана Стојановска, која пред повеќе години дојде на местото на Вера Јанковиќ и Димитар Атанасовски се најавени како главни водители, а презентери ќе бидат Лила Филиповска, Миланка Рашиќ и Јана Бурческа.
И ракометарот Борко Ристовски ќе се појави во улогата на презентер.
Годинава уметнички директор на ,,Макфест” е музичарот Роберт Саздов. За настанот се обезбедени околу 100 илјади евра, од Општина Штип и од спонзори.
Вечерва ќе настапат релативно нови музички имиња, додека пак утре настап ќе имаат Тамара, Ламбе, Лоба, Андреа, Виктор и други.
Вики Клинчарова