Има сомнежи за незаконски постапувања во ревизорските извештаи

by Fokus

Годинашните ревизорски извештаи се во нацрт фаза. Има одредени сомнежи за незаконски постапувања, но јавноста ќе биде информирана за што станува збор откако извештаите ќе бидат конечни, рече денеска главниот ревизор во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на Република Македонија, Максим Ацевски.

Одговорајќи на новинарски прашања по завршната конференција за ЕУ твининг-проектот „Подобрување на надворешната ревизија и парламентарниот надзор“, Ацевски нагласи дека надлежните органи може да постапуваат и по допрен глас – откако ДЗР ќе ги постави конечните ревизорски извештаи на својата веб страница.

Ацевски објасни и дека бројот на ревизии се утврдува со годишната програма на ДЗР. Но, ако ДЗР утврди одредени материјални сомневања за незаконски постапувања кај некој субјект, програмата може да ја измени и дополни и тој субјект да биде предмет на ревизија.

-Со Програмата за 2022 година ревизорските извештаи се во нацрт фаза. Имаме одредени сомнежи за незаконски постапувања, но кога ревизорските извештаи ќе бидат конечни, ќе ја известиме пошироката јавност. Во делот на засегнатите страни, независно дали ДЗР доставил конечни извештаи до Јавното обвинителство или до МВР, тие секогаш добиваат информации и дека извештаите се ставени на нашата веб страница, па може да постапуваат и по допрен глас, на сопствена иницијатива, изјави главниот ревизор.

Поврзани новости