411
Амбасадата на Република Македонија во Австралија и Генералниот конзулат во Мелбурн инфромираше дека во добротворната акција за прибирање хуманитарна помош за семејствата од поплавените региони во Македонија, се собрани финансиски средства во висина од 137.000 австралиски долари.
За во септември има закажно уште три донаторски настани, па се очекува оваа сума да биде зголемена. Но, во интерес на навремена употреба на досега донираните средства, тие ќе бидат префрлени кон Македонија до крајот на неделата.