Пронајдена бомба од 125 килограми кај Усје

by fokus

Во Скопје, во близина на населба Припор, кaj кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, пронајдена е авионска бомба од голем калибар, извести Дирекцијата за заштита и спасување.

Првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.

Облележан е и заштитен просторот околу проектилот, известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а воедно и МВР го обезбедува просторот.

Поврзани новости