Во истражување на јавното мислење, спроведено преку телефонска анкета од страна на Институтот за политички истражувања од Скопје, на прашањето „Кое е вашето мислење за следниве држави“, поголемиот дел од граѓаните одговориле дека од земјите во соседството имаа најпозитивно мислење за Србија, а најнегативно за Косово.
33 отсто од испитаниците се изјасниле со оценка многу негативно кон Косово, а нешто помалку или 32 отсто одговориле дека имаат најнегативно мислење за Албанија. Што се однесува до Грција 28 отсто ја доживуваат многу негативно. Од друга страна многу позитивно мислење за Србија имаат 42 отсто од граѓаните. Најомилена земја од понудените на Македонците, пак, им е Германија.
На прашањето „дали сметате дека во моментов некоја држава претставува закана за Македонија“, поголемиот број, или 54 отсто одговорил со „не“. Мнозинството од оние кои одговорил со „да“, ја избрале Грција како земја која претставува најголема закана за Македонија.
На прашањето „ако треба да поминете една година надвор од Македонија, во која соседна држава би сакале да живеете“, најголем број или 27 отсто ја избрале Србија.