511
Едно лице загина во сообраќајна несреќа која се случила вчера во близина на Врање, а две се повредени. Во сообраќајката учествувало и возило во кое се превезувале македонски државјани, но овие патници поминале со полесни повреди бидејќи навреме се активирале воздушните перници.
Како што соопштуваат српските медиуми возилото во кое биле Македонците било со холандски регистарски таблички. Тие се враќале од Холандија каде го купиле возилото.
Другото возило, автомобил марка „голф“, бил со бујановачки регистарски таблички. По сударот „голфот“ излетал од патот при што една особа загинала, а две се потешко повредени.