Македонските одбојкари вечерва против Финска го отвораат ЕП

by Fokus

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 18 часот против кодомаќинот Финска во Тампере го започнува својот настап на Европското првенство.

Во своето второ учество на континенталните собири, „црвено – жолтите“ по втор пат во премиерниот натпревар ќе играат против финските одбојкари, кои на ЕП 2019 во неизвесен дуел победија со 3:1.

– (Финска) не е подобра репрезентација од нас, но сè ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Го гледав првиот натпревар со нив и навистина загубивме на ситни работи, а во нашата игра има можност за напредок уште 20 или 30 проценти. Доколку успееме да се подобриме за 10 проценти, мислам дека ќе ги победиме, изјави капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев спроти вечерашниот дуел.

Во второто коло македонските одбојкари ќе играат против Холандија (3 септември, 20 часот), во третото против Турција (5 септември, 14 часот), додека противник во четвртото коло ќе им биде репрезентацијата на Шпанија (6 септември, 17 часот). Натпреварите од групната фаза македонската репрезентација ќе ги комплетира на 8 септември против Русија со почеток од 17 часот.

Европско првенство, 32. по ред, ќе се игра во Финска, Естонија, Полска и Чешка, а финалето е закажано за 19 септември во Катовице

Поврзани новости