Денеска сончево, попладне врнежи

by Fokus

Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне главно во северните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 18, а максималната од 23 до 32 степена. УВ индексот ќе биде 6.

Во Скопје, слично време со можност за краткотраен дожд попладне. Преку ден ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во четврток ќе продолжи да дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за неколку степени. Во сабота во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, а во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Поврзани новости