Македонскиот закон ја дефинира јогата како лек

by Фокус

Според Законот за алтернативна и комплементарна медицина, кој Владата го предложи, а Собранието го изгласа во февруари годинава, јогата е еден од методите  и постапки на рехабилитација и лекување.

-Комплементарната и алтернативната медицина опфаќа терапии кои се со различна филозофска основа од конвенционалната медицина и коишто спроведуваат поинакви процеси на дијагностика и третман од конвенционалните со цел подобрување и зачувување на физичкото, емотивното и менталното здравје на луѓето, виталноста на телото и духот, стои во образложението на Законот.

Освен јогата, како методи и постапки на рехабилитација во Законот се наведуваат и апитерапија; ароматерапија; чи гонг вежби; духовна енергетска медицина; енергетска терапија – реики; детекција на штетни зрачења; семеен распоред (фенг шуи); тај чи чуан вежби; макробиотика и традиционална домашна медицина.

Пред неколку дена, Митрополитот Иларион Брегалнички на литургијата во Лесновскиот Манастир им порачал на православните христијани да се откажат од јогата, бидејќи таа претставувала „одрекување од светата православна вера и одрекување од Христа“. Тој ги повикал сите верници кои практикувале или практикуваат јога вежби, можеби и од незнаење, да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои не сакаат, тој ќе им дал анатема.

 

Поврзани новости