Заев ги поддржа мерките за градење доверба со Грција

by Фокус

Покрај средбите со државниот врв, грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас се сретна и со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. По средбата, Заев изјави дека ги поддржува мерките за градење доверба помеѓу Македонија и Грција и истакна дека дијалог на теми кои не се поврзани со името, би создал поудобна ситуација и за политичарите, граѓаните, како и за бизнисмените и би помогнал да се унапреди соработката меѓу двете држави.

-Со години наназад упатуваме пораки да се отворат разговори на други полиња освен проблемот за името што би создале многу покомфорна ситуација за политичарите, за граѓаните, како и за бизнисмените и другите општествени чинители за унапредување на соработката меѓу двете земји, а во вакви околности и да се повлечат храбри чекори, и да се изнајде решение на дологодишниот проблем што Грција го има со нашето уставно име, изјави Заев.

Што се однесува до спорот за името, тој рече дека позициите на СДСМ се добро познати и тие имаат  волја за побрзо да се дојде до решение.

-Да преземеме храбри чекори кои ќе не заштитат мене, моите деца, вашите деца вашите дена да се чувствуваме и понатаму Македонци, дека нашите баби и дедовци биле Македонци, а секако помеѓу да се најде решение кое ќе ги отвори вратите на НАТО и ќе не доведе до полноправно членство во ЕУ, изјави Заев.

Поврзани новости