1K
Македонскиот полициски синдикат реагира на пресуда на судот во Виница, според која на една година условен затвор е осуден граѓанин кој нападнал полицаец. Пресудата била донесена на 9 октомври.
-За извршен напад врз наш колега судот изрекол алтернативна мерка, условна осуда, за што сметаме дека е срамна. Од увидот во предметот сметаме дека ваквата пресуда е спротивна на основната цел за остварување на индивидуалната и генералната превенција за одвраќање на сторителите да не чинат вакви дела, а во насока на заштита на полициските службеници од напад при извршување на своите работни задачи, реагираат од Македонскиот полициски синдикат.
Оттаму додаваат дека со ваквите пресуди напаѓачите се охрабруваат.