Битиќи: Советниците се нужни за функционирање на канцелариите на премиерот и на министрите

by fokus

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека бројот на советници на премиерот Зоран Заев и нивните плати, е нужен за да може да функционира премиерската канцеларија.

-Сметам дека висината на плати и бројот на советници во овој момент е нужен за функционирање на канцеларијата на премиерот, како и функционирањето на канцелариите на сите други министри, вклучително и мојот кабинет. Тоа би требало да го гледаме од аспект на тоа дали е рационално или ирационално направено. Бројот поистоветува на функциите кои сите до еден ги извршуваат и секако претседателот на Владата би требало да биде адекватно информиран во кој било момент. Ние покажавме дека грижата за граѓаните е на прво место и дека ќе обезбедиме средства и во овој тежок период ние обезбедуваме средства преку рационализација на други непродуктивни места, а секако местата на советниците не можам да кажам дека се непродуктивни и непотребни во овој момент, рече Битиќи.

Вчера, на веб-страницата на владата беа објавени 23-те советници на премиерот, а покрај имињата беа објавени и нивните плати.

Поврзани новости