МПЦ-ОА: Славите и имендените да се одбележуваат според препораките

by fokus

Во пресрет на претстојните црковни празници, кои православните христијани ги чествуваат како домашни празници и имендени, Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, упатува апел да се почитуваат безбедносните мерки за јавни собири, а домашните прослави да се одбележуваат според препораките.

Истовремено, се апелира, парохиското свештенство, кое е упатено во особеностите и традициите на празнување, да се придржува на препорачаните здравствени мерки при извршувањето на црковните треби и на чиновите во храмовите или при посетата на домовите.

Поврзани новости