Нашиот олимписки претставник Ставре Јада, во конкуренција на 118 пријавени спортисти за трката на 15 км слободно, вчера на Олимписката патека во Пјонг Чанг го освои 99-то место со заостанување зад победникот од 8 минути, 30 секунди и 30 стотинки.
Пред неколку дена, на својот прв настап, тој го освои последното место во квалификациите за спринтерската трка со класичен стил. Крушевчанецот ја помина патеката за 4:23,85 минути, односно последен од 79 – те учесници.
И Викторија Тодоровска не помина многу подобро. Нашата 17-годишна олимпијка на Олимписката трка во Пјонг Чанг, 10 км. слободно, завчера во конкуренција на 90 натпреварувачи го освои 85-то место со време 32:57.60, односно 7 минути и 57 секунди зад победникот на трката Хага Рагнхилд од Норвешка.
На нашиот трет претставник, Антонио Ристевски, велеслаломот му е закажан за утре, а слаломот за 22 февруари.