Две нови пријави за напад на кучиња: Жена и моторциклист биле каснати за нога

by Фокус

До Министерството за внатрешни работи стигнале две пријави од граѓани за напади од кучиња-скитници.

Првата е од 43-годишната А.Р. од Скопје, која пријавила дека вчера попладне нејзината 70-годишна мајка В.Р. била касната од куче во пределот на десната подколеница на улицата Лука Геров.

Според другата пријава, пак, Р.В.(58) од Скопје завчера околу 16.00 часот, додека со моторцикл се движел на булевар 12-та Македонска Бригада, бил нападнат од куче скитник кое го каснало под коленото на десната нога.

Поврзани новости