Македонскиот борач Нуров загуби во Токио, но има шанси за медал

by fokus

Македонскиот борач Могамедгаџи Нуров загуби во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио во категоријата 97 килограми слободен стил.

Нуров, кој беше последниот седми македонски спортист со настап на Олимписките игри, денеска рано наутро во првата осминафинална борба го совлада Тунижанецот Мохамед Садуи со 5:0.

Во четвртфиналето, македонскиот борач по голема борба загуби на поени со 6:4 од Кубанецот Раинерис Перез Салас.

Во ваква ситуација, нему сега му преостанува да се надева на борба за медал преку репесаж, но за такво сценарио потребно ќе биде Салас да го совлада во полуфиналето најдобриот светски борач Абдулрашид Садулаев.

Поврзани новости