Безбедносниот систем на Македонија е на апарати за вештачко дишење и потребно е негово ресетирање, ова е заклучокот од денешниот научно-стручен собир на тема „Функционирањето на безбедносниот систем на Република Македонија во кризна и сложена безбедносна состјба“.
Универзитетскиот професор, Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност посочи дека тајните служби во земјата мора да бидат под надзор на граѓаните.
– Со оглед на тоа што тајните безбедносни служби се скапа алатка во рацете на политичките елити, нужна е безбедносна контрола на сите вработени во разузнавачките и контраразузнавачките служби и формирање на граѓански совет со зголемени ингеренции во рамките на Собранието со цел да имаме јасна и демократска контрола на службите и нивно обединување за да бидеме функционална демократија и да немаме злоупотреби на основните човекови права – вели Д-р Ѓуровски.
Тој потенцираше дека во изминатите 25 години, меѓу дугото, рак на македонската демократија е недостатокот од демократска и цивилна контрола на тајните разузнавачки служби.
На научниот собир присуствуваше и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој се осврна на августовски поплави, потенцирајќи дека се покажаа сериозни слабости во делувањето на системот за превенција, заштита и спасување.
Спасовски кој во својот говор порача дека не постои дел или делови од општеството кои не се предмет на закана и дека токму тоа треба да биде основен постулат во градењето и надградбата на безбедносниот систем.