Екстрадираните од Италија на слобода, МВР нема докази дека се џихадисти

by fokus

Петте македонски државјани кои утрово беа протерани од Италија, под сомнение дека ширеле радикален ислам и регрутирале лица за да војуваат во кризните региони од блискиот Исток, по распитот со домашната полиција се пуштени на слобода.

Разговорот со нив веднаш по слетувањето на аеродромот Александар Велики го обавиле инспектори од Управата за безбедност и контраразузнавање, кои процениле дека протераните лица се безопасни.

Според италијанското МВР пак, сите биле фанатични следбеници на самопрогласениот Калифат и ги поддржувале терористичките напади во Европа, како и активностите на ИСИС во Сирија.

Петтемина жители се од струшкото село Октиси, четворица мажи и една жена, а според италијанските власти одржувале постојани контакти со познати исламски радикални структури од Босна и Херцеговина.

Поврзани новости