Јанева: Обидите за моја лична дискредитација не ги сфаќам сериозно

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера гостуваше во емисијата  „360 степени“ на Алсат М каде зборуваше за работата на СЈО, како и за опструкциите со кои се соочува.

Таа рече дека обидите за нејзина лична дискредитација не ги сфаќа сериозно и дека не е точно дека СЈО работи селективно. Изрази оптимизам дека ќе биде откриено кој прислушувал, иако дел од доказите биле уништени.

-Иако дел од доказите се уништени и ние бевме изненадени, од начинот на кој постапувале државните институции, поточно функционерите во МВР, но како што вели мојата колешка Фатиме Фетаи не постои совршен злочин, така да ние продолжуваме со нашата работа, рече Јанева.

 

 

Поврзани новости