Македонски војници се затруле во Словенија додека чистеле подруми од поплавите

by Fokus

Во Словенија осум лица се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрумот на Домот на културата во Чрна на Корошкем.

Меѓу нив има и седум војници кои превентивно се пренесени на лекување во болница, јавува РТВ Словенија.

Главниот медицински офицер на словенечката армија Роберт Карота соопштил дека на гасот биле изложени 32 лица, од кои 18 припадници на македонската армија, шест припадници на словенечката армија и осум пожарникари.

Сите се надвор од животна опасност, а на превентивно лекување во болница се испратени пет припадници на словенечката армија, двајца припадници на македонската армија и еден пожарникар.

Словенија на почетокот на август ја погодија силни поројни поплави, во кои загинаа шест лица.

Поврзани новости