Политичката партија Македонски Концепт, вчера на Меѓународниот ден на човечката солидарност, ја промовираше партиската Доктрина.
Од партијата велат дека тоа е клучен стратешки документ на партијата, кој ќе биде целосно достапен на јавноста, ја одредува партиската идеологија и истиот ќе биде рамка за следните Изборни програми.
Новата политичка партија Македонски Концепт се декларира како прогресивна десница, а за своја официјална идеологија – прогресивниот патриотизам.
На промоцијата свое обраќање имаше националениот тим лидер на Македонски Концепт, Петар Богојески кој истакна дека големиот број на присутни на настанот е доказ дека граѓаните го согледале излезното решение, кое е уникатно и го нуди само таа партија и дека успехот им е на дофат со можност да се запишат со големи букви во македонската историја.
Свои обраќања имаа и д-р. Оливера Клинчарова, член на Извршниот Тим на Македонски Концепт, која ја истакна грижата за квалитет на живот на реалниот човек во земјава и м-р. Владимир Бангиевски, тим лидер на Политичката Академија на Македонски Концепт, истакнувајќи ја важноста на новата Доктрина во која сите членови и симпатизери се убедени и веруваат.
Македонски концепт ја промовираше партиската Доктрина
389