Македонски и грчки тинејџери се степале во Грција поради името

by fokus 14:29
14:29

Македонски и грчки тинејџери физички се пресметале поради името во летен ракомотен камп на поранешната ракометарка, Андријана Будимир, во Неа Пори во Грција, дознава „А1он“.

Според порталот до тепачката помеѓу двете тинејџерски групи дошло откако жена од Грција ги слушнала младите ракометари како зборуваат на македонски, па им пришла и ги прашала од каде се. Тинејџерите одговориле дека се од Македонија, по што таа почнала да се расправа со нив околу името, а кратко потоа повикала група грчки тинејџери по што настанала тепачка меѓу двете групи.

- Advertisements -

Интервенирала полицијата која ги раздвоила тинејџерите, а по враќањето од Грција дел од децата од македонската група побарале лекарска помош каде ми биле консатирани телесни повреди.

Поврзани новости