Столтелнберг: Во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во НАТО

by fokus

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтелнберг изјави денеска дека на Самитот на Алијансата во јули се очекува Македонија да биде поканета за преговори за членство во Организацијата.

– Оптимист сум дека ќе биде донесено такво решение, како и за тоа дека на референдумот во Македонија ќе има мнозинство за поддршка на договорот со Грција – нагласи Столтенберг.

Генералниот секретар на НАТО повика за позитивен исход од референдумот. Тој појасни дека по референдумот ќе може Македонија да биде поканета за членство во НАТО.

Поврзани новости