842
Бугарски царинци пронашле повеќе од 33 килограми канабис вреден 69.000 евра во автомобил со кој управувал државјанин на Северна Македонија.
Како што пренесува БТА, автомобилот марка „киа“ со македонски регистарски таблички бил стопиран на граничниот премин меѓу двете земји на 23 декември кога цариниците пронашле 76 пластични кеси со марихуана под просторот за багаж и под двете предни седишта.
За возачот, Р.Р. (58), кој патувал сам од Македонија преку Бугарија до Турција, судот му изрече мерка притвор.