Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајка близу Дебар

by Фокус

Едно лице загина, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа кај долнореканското село Скудриње што се случи денеска околу пладне.

Според СВР Тетово, животот го загубил А.Д. (52) од Скопје откако на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар, во близина на Скудрињски мост се судриле две патнички возила – мерцедес со дебарски ознаки и ауди со скопски регистарски ознаки.

А.Д. бил сопатник во аудито, а возачот и другиот сопатник кои здобиле тешки повреди се згрижени во дебарската болница од каде се префрлени на скопските клиники. Возачот на мерцедесот, пак, поминал со полесни повреди.

Поврзани новости