Tројца македонски државјани украле 150 литри дизел од паркиран камион „Сканија“, јавија словенечките медиуми.
Минатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“, па откако почекал да види какви им се намерите, ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот.
Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени, а третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.
Според полицијата, тројцата Македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени туби наполнети со украденото дизел гориво. Со оглед на тоа што живееле во Словенија и имале регулиран статус, полицијата по консултација со обвинителството ќе поднесе пријава против нив.