Македонски државјани краделе луксузни возила на Халкидики

by Фокус

Грчката полиција разби криминална група од Македонија која крадела луксузни автомобили на Халкидики. Шестчлената група се товари дека украла 19 луксузни автомобили во вредност од над еден милион евра.

Досега се уапсени тројца мажи и тие се изведени пред јавен обвинител, а во меѓувреме полицијата трага по останатите тројца членови на криминалната организација.

Членовите на криминалната група, како што објаснуваат од грчката полиција, првично ги лоцирале луксузните возила на странските државјани и туристи на полуостровот Халкидики, а потоа упаѓале во куќите со цел да им ги земат клучевите и да ги украдат автомобилите.

Поврзани новости