ВМРО вели дека Пендаровски станал соучесник во амнестија, тој споменува конфискација

by Фокус

Откако претседателот Стево Пендаровски го потпишa указот за измените на Кривичниот законик, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го прозва дека со тоа тој станува соучесник во амнестијата која ја прават владејачките партии со цел да се скријат и спасат од одговорност од големите скандали.

-Пендаровски станува соучесник во амнестијата која СДС и ДУИ ја прават за да се скријат од скандали како актуелниот за Онкологија, како скандалот со човечки жртви Беса Транс, модуларна, Соравија, пасоши за криминалци, за Мерко, за фирмите за струја, за плацовите за панели … Ништо нема да ги спаси од средбата со народот, а потоа и со правдата и одговорноста – рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Пендаровски наместо да ги заштити законите и правдата, потрчал за да му се допадне на СДСМ со цел да добие нова кандидатура за претседател на изборите што треба да се одржат в година. Шефот на државата, пак, убедува дека со измените на Кривичниот закон нема никаква амнестија.

-Прво, се создаде една заблуда во јавноста дека станува збор за амнестија, па дури и чув изрази кои никогаш не сум ги чул во животот иако сум правник – некаква скриена амнестија. Такво нешто не постои. Амнестија е кога јас тебе сосема ќе те ослободам од издржување казна затвор, ниту ќе почнеш да издржуваш, а ако си на издржување – излегуваш. Нема ниедна одредба од овој Закон која тоа го прави.

Значи, нема никаква амнестија. Има прво, се скратуваат казните затвор за некој дел, ако биле 10 сега се пет години, ако биле 5 сега се 4 години, значи затворот останува, казната затвор останува и што се случува друго?

Се случува проширување или олеснување на процедурата за таа конфискација на имот. И сега тука е главната работа која мене ми даде за повод да го потпишам Законот и да го образложам бидејќи имав на тема и образложение во јавноста – рече Пендаровски на Сител.

Поврзани новости